• недела, 22 декември 2024

Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница

Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија  согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите. вг/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан