• среда, 03 јули 2024

Околу 40 лица убиени во напад врз село во централниот дел на Мали

Околу 40 лица убиени во напад врз село во централниот дел на Мали

Бaмако, 3 јули 2024 (МИА) - Неидентификувана група вооружени мажи убила околу 40 луѓе во напад врз село во централниот дел на Мали, под контрола на бунтовниците, соопштија локалните власти.

Нападот се случи во селото Џигибомбо во регионот Мопти, една од неколкуте области во северниот и централниот дел на Мали каде џихадистичките групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се активни повеќе од една деценија.

- Тоа беше многу сериозен напад, вооружени мажи го опколија селото и пукаа во луѓе, рече градоначалникот на Банкаса, Мулаве Гуиндо во телефонска изјава.

Тој не можеше да даде точен биланс на жртвите, но двајца локални претставници, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека се убиени околу 40 луѓе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан