• среда, 03 јули 2024

Харис: Бајден е нашиот кандидат, го победивме Трамп еднаш и повторно ќе го победиме

Харис: Бајден е нашиот кандидат, го победивме Трамп еднаш и повторно ќе го победиме

Вашингтон, 3 јули 2024 (МИА) – Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка, откако демократскиот конгресмен Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по „лошиот“ настап на дебатата минатата недела.

- Видете, Џо Бајден е нашиот кандидат. Ние еднаш го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп и ќе го победиме повторно, точка, рече таа во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Таа нагласи дека е горда што е потпретседателка на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан