• недела, 22 декември 2024

Бундестагот конечно се откажа од факс машините

Бундестагот конечно се откажа од факс машините

Берлин, 3 јули 2024 (МИА) - Бундестагот ќе престане да користи факс машини во својата работа. Ова го соопшти прес-службата на долниот дом на германскиот Парламент како одговор на прашање на ДПА.

Администрацијата на Бундестагот гарантираше дека сите работни процеси и активности, за кои досега се користеа факс машини, сега можат целосно да се извршуваат дигитално, се наведува во соопштението на прес-службата.

Бугетската комисија минатиот ноември ја повика администрацијата на Бундестагот најдоцна до 30 јуни 2024 година да ги отстрани сите факс апарати од зградата.

Сепак, долниот дом на германскиот парламент планира да продолжи да одржува активен факс број. Преку него, на пример, граѓаните ќе можат да испраќаат барања до Бундестагот, при што пораките ќе бидат зачувани во дигитален формат, пренесува ДПА. ссм/

фото: википедија

Остани поврзан