• недела, 22 декември 2024

Камала Харис најприфатлива замена за Бајден

Камала Харис најприфатлива замена за Бајден

Вашингтон, 3 јули 2024 (МИА) – Потпретседателката на САД, Камала Харис е првата алтернатива за замена на американскиот претседател Џо Бајден, доколку тој одлучи да ја прекине кампањата за негов реизбор, објавија американски медиуми повикувајќи се на седум извори од кампањата на Бајден, Белата куќа и Демократскиот национален комитет.

Неодамнешниот телевизиски дуел на Бајден со републиканскиот ривал Доналд Трамп предизвика бран на паника меѓу демократите дека американскиот претседател не е способен за втор мандат.

Влијателни демократи поведоа иницијатива за изнаоѓање алтернативи за кандидатурата на Бајден, покрај Камала Харис, а тоа би можеле да бидат гувернерите Гевин Њусом од Калифорнија, Гречен Витман од Мичиген или Џош Шапиро од Пенсилванија.

Според неименуваните извори доколку 59-годишната Харис биде кандидат на Демократската партија, таа ќе ги преземе парите собрани за кампањата и инфраструктурата на Бајден. Таа е најпрепознатливото лице меѓу можните алтернативи и има најдобри резултати од истражувањето на јавното мислење меѓу демократите.

Во анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена вчера, Харис заостанува зад Трамп за еден процент – 42 наспроти 43 отсто, со маргина на грешка од 3,5, што покажува дека е силна како Бајден. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан