• среда, 04 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Десет лица загинаа во одрон во Индонезија

Десет лица загинаа во одрон во Индонезија

Сурабаја, 4 април 2025 (МИА) – Спасувачи пронајдоа 10 тела на индонезискиот остров Јава по лизгање на земјиште што затрупа неколку возила, соопшти денеска полицијата.

Кал, камења, откорнати дрвја и гранки поради силниот дожд вчера затрупа комбе со седум лица и пик-ап со три лица на источниот дел од островот Јава.

Сезонските дождови од октомври до април често предизвикуваат поплави и свлечишта во Индонезија, архипелаг од 17.000 острови каде што милиони луѓе живеат во планинските области. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан