• петок, 17 мај 2024

Одложена посетата на Костадиновска - Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала

Одложена посетата на Костадиновска - Стојчевска на Турскиот театар поради пожарот во Универзална сала

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Министерството за култура соопшти дека се одложува настанот на ресорната министерка Бисера Костадиновска -  Стојчевска која требаше денеска да направи увид во градежните работи на објектот на Турскиот театар во Скопје. Причината за одложување е избувнување на пожар во Универзалната сала.

Од Министерството за култура се извинуваат за одложувањето.

Претпладнево избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која е во фаза на реконструкција. Од Центарот за управување со кризи информираат дека гори една од куполите на објектот, пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот. бт/вг/

Фото: Министерство за култура

 

 

 

Остани поврзан