• недела, 22 декември 2024

Ограничен влезот за белци во театар во Велика Британија

Ограничен влезот за белци во театар во Велика Британија

Лондон, 4 март 2024 (МИА) - На белците им бил ограничен влезот на две изведби на претстава за расизмот и сексуалноста во лондонската населба Вест Енд. Кабинетот на премиерот на Велика Британија, Риши Сунак го осуди потегот како поттик на поделби.

Претставата на авторот Џереми Харис, кој инаку е црнец, под наслов „Игра на робови“ (Slave Play) ќе се прикажува во театарот „Ноел Кауард“ во Лондон, од јуни до септември. А, двете претстави на 17 јули и 17 септември се резервирани за припадници на црнечкото население, според одлуката на авторот.

- Замислата е дека ова е ноќ кога конкретно ги покануваме црнците да го пополнат просторот, да се чувствуваат безбедно со многу други луѓе со темна кожа на место каде што често не се чувствуваат безбедно, нагласи Харис за Би-би-си.

Тој додаде дека гледачите со темна кожа може да донесат белци  - партнери или пријатели. Следеше осудата од британските власти.

- Јасно е дека ограничувањето на публиката врз основа на раса е погрешно и би значело поделба, изјави портпаролот на премиерот.

На прашањето - дали Владата ќе размисли за откажување на јавното финансирање за театрите коишто се занимаваат со таква дискриминација, портпаролот не понуди јасен одговор „да“ или „не", пренесува „Кликс“.  си/ссм/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан