• недела, 05 мај 2024

ОБСЕ има сериозни резерви за изборите во Азербејџан

ОБСЕ има сериозни резерви за изборите во Азербејџан

Баку, 8 февруари 2024 (МИА) - Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на изборите во Азербејџан соопштија дека има сериозни прашања во врска со пребројувањето на гласовите и објавувањето на резултатите од претседателските избори во земјата, што се одржаа еден ден претходно.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев е реизбран на функцијата со повеќе од 90 отсто од гласовите.

Активистите за човекови права предупредија дека овие избори во Азербејџан не биле ниту слободни, ниту фер.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ извести дека гласањето се карактеризираше со отсуство на вистински политички алтернативи во ограничено опкружување и дека има индикации дека имало мамење со гласачките ливчиња, на начин што едно лице предавало повеќе пополнети гласачки ливчиња.

Официјален Баку се уште не го коментираше ставот на набљудувачката мисија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан