• понеделник, 23 декември 2024

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Будимпешта, 5 мај 2024 (МИА) - Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд.

Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ.

Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој вели дека е уверен и полн со надеж во врска со унгарското претседателство и истакна дека моментално премиерот Виктор Орбан е единствениот шеф на Влада во ЕУ кој ќе раководи со ротирачкото претседателство по втор пат. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан