• среда, 24 април 2024

Обраќање на претседателот на СДСМ Ковачевски на 28. конгрес на партијата (во живо)

Обраќање на претседателот на СДСМ Ковачевски на 28. конгрес на партијата (во живо)

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - СДСМ вечерва во Скопје го одржува 28. Конгрес на кој треба да бидат потврдени кандидатските листи за парламентарните избори. Пред делегатите се обраќа претседателот на партијата Димитар Ковачевски, а потоа конгресот ќе биде затворен за јавноста.

СДСМ претпладнево на седница на Извршниот и на Централниот комитет ги утврди листите за кандидати за пратеници. Според информации на МИА од СДСМ, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката  Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири. ев/ац/

Остани поврзан