• понеделник, 20 мај 2024

Нормализиран сообраќајот на патот Велес - Градско

Нормализиран сообраќајот на  патот Велес - Градско

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Сообраќајот на регионалниот пат Велес - Градско од 11:00 часот е нормализиран, информираат од АМСМ.

Регионалниот пат Велес – Градско беше затворен за сообраќајот од 8:30 часот поради тешка сообраќајка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

Остани поврзан