• сабота, 18 мај 2024

Нов пратеник во Собранието ќе биде Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците

Нов пратеник во Собранието ќе биде Ремзи Мемеди од Алијанса на Албанците

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од Кичево од Алијансата на Албанците ќе биде новиот пратеник во Собранието. 

Мемеди доаѓа на местото на неговиот сопартиец Сурија Рушити, кој стана директор на МЕПСО, по влегувањето на Алијансата на Албанците во владината коалиција. 

Пред почетокот на денешната 106. пленарна седница, Собранието ја констатираше оставката на Рушити. Седницата треба да продолжи во 14 часот, по добивањето на извештајот од Државната изборна комисија за верификација на мандатот на новиот пратеник. ев/аа/

ФОТО: Фејсбук Ремзи Мемеди

Остани поврзан