• петок, 17 мај 2024

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи во понеделник

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи во понеделник

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - УХМР соопшти дека во понеделник, под влијание на нов влажен и постуден бран, ќе има врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Потоа, следните три дена, ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови. 

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан