• среда, 01 мај 2024

Новите простории на BtoBet ги одразуваат стабилноста, успешноста и големиот раст на компанијата

Новите простории на BtoBet ги одразуваат стабилноста, успешноста и големиот раст на компанијата

Скопје, 23.04.2022 - Македонската ИТ компанија BtoBet, која е лидер во “iGaming” индустријата на светско ниво, ги отвори вратите на своите нови, проширени и реновирани простории во Скопје.

Со површина од речиси 1000 квадратни метри, 3 сали за состаноци, фокус соби, зона за игра, целосно опремени кујни и простории за дружење и релаксација, новите канцеларии на BtoBet се уредени согласно последните технолошки трендови и претставуваат модерен простор за работа кој нуди можност за диверзификација на работна сила.

По 8 години постоење, новите канцеларии се доказ за стабилност, успешност и брз раст на компанијата, а модерното уредување знак за промените кои следат, аквизиција и ребрендирање. Една од најголемите светски компании за мобилни игри и казино, Aristocrat Leisure Limited, со седиште во Австралија, склучи договор за аквизиција на групацијата NeoGames од која е дел и BtoBet.

„Потребата за проширување на нашите работни простории дојде спонтано, првично поради зголемениот број на вработени, а од друга страна модернизацијата е резултат на нашите цели да обезбедиме подобра и попријатна работна средина. При планирање на просторот наш главен фокус беа нашите вредности кон кои се стремиме - флексибилност, транспарентност, тимска работа, баланс, спорт, искомбинирани со најнови технолошки решенија. Земајќи ги во предвид потребите на колегите, просторот е дизајниран да даде можност за брза и лесна комуникација, ефективно извршување на работните обврски, но без да се занемарат и потребите за одмор, релаксација и дружење. Сигурен сум дека нашата нова работна средина претставува дополнителен стимуланс за работа. “ - истакна Зоран Спасов, VP Operations во BtoBet.

Сите детали во канцелариите на BtoBet се детално осмислени, доминираат сините нијанси кои воедно се и боите на самата компанија, бројни цвеќиња кои го раззеленуваат просторот, а секако најдоминантни се спортските симболи кои се знак на заложба на компанијата во сферата на спортот, како преку активности за своите вработени, така и преку бројни активности за заедницата во која работат.

Покрај канцеларијата во Скопје, BtoBet има свои технолошки центри во Битола и во Охрид, составени од искусни тимови на експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе области. Компанијата е добро позната на светско ниво, а работи со компании на 4 континенти, Европа, Африка, Јужна Америка, а од неодамна зазема стабилна позиција и во Северна Америка каде го проширува своето портфолио на клиенти. Онаа што го издвојува BtoBet во однос на конкурентите е фокусот на развивање врвни софтверски решенија кои реално им помагаат на операторите да изградат уникатно корисничко искуство за својот бренд, а со тоа и за своите играчи. Со други зборови, сè она што тимовите го развиваат како продукт се одликува со приспособливост, флексибилност и персонализирано корисничко искуство за играчите.

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан