• вторник, 30 април 2024

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „LudaMara“

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „LudaMara“

Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „LudaMara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина.

Под овој вински бренд ќе се задржат омилените вина од оваа линија произведени од локални сортитемјаника и вранец и тие ќе бидат надополнети со две уникатникупажи – „LudaMaraWhiteCuvée“ и „LudaMaraRedCuvée“. 

Приказната за вината под брендот „LudaMara“се темели на истоимената река која има симболично, но и суштинско влијание врз создавањето на виното и винската култура во кавадаречко.Низ историјата, таа со своите излевања ја збогатувала почвата каде се одгледува грозјето, со што го поддржувала и обликувала уникатниот карактер на вината што се произведуваат од неа, но истовремено носела и големи предизвици тестирајќи ја издржливоста на локалните жители и она што тие требало да го направат за да постигнат хармонија со нејзиниот ритам.

Окото како основен креативен елемент на брендот „LudaMara” претставува повик похрабро да гледа на животот, да се биде отворен за нови можности и доживувања и меѓу другото да се открие вистинската суштина на „LudaMara”.

„,Тиквеш’ останува посветен на градењето моќни вински брендови, кои ќе бидат прв  избор на потрошувачите. Сигурни сме дека брендот „LudaMara“ и вината кои се дел од него, со својот вкус и изглед, ќе предизвикаат интерес кај љубителите на добро вино и ќе ги заинтригираат. Со своите уникатни карактеристики овие вина се одговор на пазарните трендови и барањата на оние потрошувачи кои се во потрага по автентични вина кои се одлика на локалното поднебје од каде потекнуваат и со кое се поврзуваат, заедно креирајќи една совршена и возбудлива винска приказна“,истакнуваат од „Тиквеш“, објаснувајќи ги вредностите на винскиот бренд „LudaMara”.

Освежувањето на оваа популарна винска линија, опфаќа целосен редизајн на визуелниот изглед на вината, со употреба на поексклузивна амбалажа, како и етикета со впечатлив дизајн што ја отсликува суштината на брендот „LudaMara” и ја истакнува автентичноста на вината што го сочинуваат, цврсто воспоставувајќи ги на постојните и на новите пазари.

Четирите вина кои отсега ќе го сочинуваат брендот „LudaMara“ од почетокот на април се веќе достапни на пазарот.

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан