• сабота, 18 мај 2024

Николовски, Шукова и Бочварски на увид во проекти во Делчево што се реализираат со поддршка на Владата

Николовски, Шукова и Бочварски на увид во проекти во Делчево што се реализираат со поддршка на Владата

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) - Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за  животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, Љупчо Николовски, Каја Шукова и  Благој Бочварски, денеска ќе го посетат Делчево и ќе извршат увид во проекти реализирани во оваа општина со финансиска поддршка од Владата.

Посетата ќе почне со увид во реконструкцијата на булевар „Македонија“ во Делчево, ќе продолжи со посета на новиот затворен градски пазар во  Делчево и на крајот тројцата министри, заедно со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, ќе ја посетат и филтер-станицата за прочистување вода за пиење за Општина Делчево. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан