• понеделник, 23 декември 2024

Нивото на водата во Охридското Езеро повторно над просекот

Нивото на водата во Охридското Езеро повторно над просекот

Охрид, 3 јули 2023 (МИА) – По повеќе од половина година постојана негатива Охридското Езеро се враќа во кондиција, кога станува збор за неговиот водостој.

Денешните мерења покажуваат дека нивото на водата во езерото е на котата 693.61 метри надморска визочина, што е три сантиметри на просекот за месец јули (693.58 м.н.в). 

Температурата на водата изнесува 19 степени Целзиусови, што се уште речиси три степени под месечниот просек. аб/лв/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан