Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје: Малку повеќе светлина во тунелот на споровите и несогласувања
- Повторно се среќаваме, овде во историско Скопје, во градот Богдани и Мајка Тереза, за да испратиме порака за мир, разбирање и солидарност во пресрет на Божиќ. Ова е момент кој нè обединува околу основната идеја на овој празник, а тоа е тенденцијата да се остане блиску до семејството и затоа ние кои сме денес собрани припаѓаме на заедничко семејство со исти вредности и цели за повеќе достоинствен и поправеден свет со помалку противречности и конфликти. Тоа беше и останува наша научна и човечка кауза како Институт, во чии рамки веќе неколку години успешно функционира Одделот за изучување на духовното наследство на Гонџе Бојаџиу, Мајка Тереза.
Скопје, 23 декември 2024
Проф. д-р. Скендер Асани
Повторно се среќаваме, овде во историско Скопје, во градот Богдани и Мајка Тереза, за да испратиме порака за мир, разбирање и солидарност во пресрет на Божиќ. Ова е момент кој нè обединува околу основната идеја на овој празник, а тоа е тенденцијата да се остане блиску до семејството и затоа ние кои сме денес собрани припаѓаме на заедничко семејство со исти вредности и цели за повеќе достоинствен и поправеден свет со помалку противречности и конфликти. Тоа беше и останува наша научна и човечка кауза како Институт, во чии рамки веќе неколку години успешно функционира Одделот за изучување на духовното наследство на Гонџе Бојаџиу, Мајка Тереза.
Поврзаноста на оваа кауза со Скопје ја потврдува важноста на овој древен дардански град за самата албанска национална историја, но и за соживотот со другите народи.
Дека Скопје имало славно минато, сведочат делата и придонесите на оние кои ја воздигнале оваа слава, како што се Пјетер Богдани, Тома Распасани, Ндуе Битичи, Лазер Мједа, Зеф Рама, Гаспер Ѓини, каде нивната врска со Скопје не постоеше само во рамките на рутината што им ја додели црковната мисија, но оваа поврзаност беше израз на визијата што ја имаа за овој антички град, давајќи му ги сите атрибути на Пиемонт каде што треба да се ферментира целата културна и историска свест.
Денес, додека споделуваме неколку моменти заедно во пресрет на Божиќ, Скопје не е она што беше, а оваа промена најмногу ја чувствуваат припадниците на албанската католичка заедница, чиј број за жал се повеќе се намалува. И оваа наша свечена денешна церемонија не е ништо повеќе од обид да се надокнадат некои од недостатоците кои се одразуваат во духовниот живот на оваа заедница. Ова е наш скромен обид да го вратиме некогашниот сјај што ја имаше оваа прослава во Скопје, на бојаџињите, антоните, сереците, укајдарите, ѓинците, дреците, марките итн. кои ја сочинуваа духовната карта на едно време и простор каде Албанците беа суштински фактор во културниот, економскиот и социјалниот напредок на Скопје овде и пред 100 години.
„Во оваа ноќ на љубовта треба да имаме само еден страв: да не ја навредиме Божјата љубов, да не ги повредиме сиромашните со нашата рамнодушност“, ова беа зборовите на папата Францис на свечената церемонија која се оддржи преку неколку години по повод Божиќ, и повикувајќи се на овие зборови, денес можеме да ја изразиме истата загриженост дека светот ја навредува Божјата љубов со тоа што останува рамнодушен кон дестабилизирачките напори што се појавуваат во различни делови на земјината топка, каде што Блискиот Исток и Украина, сега засега, се најактивните жаришта на оваа дестабилизација.
Празникот како Божиќ може да биде причина повеќе, не само за моментален прекин на огнот, туку и за суштинско размислување за хаотичната ситуација низ која поминува човештвото денес, во духот на зборовите на Мајка Тереза која рече: „Ние немаме потреба од пушки и бомби за да донесеме мир во светот. Нас ни треба љубов и сочувство“.
Ако љубовта и сочувството имаа малку повеќе простор во срцата на луѓето, светот денес ќе беше поинаков, барем немаше да биде толку конфронтирачки и натпреварувачки, па оттука и нашата денешна средба овде во Скопје, во чест на Божиќ нека ни донесе еден зрак повеќе во светлина во тунелот на несогласувања и кавги меѓу луѓето. Сите ние заслужуваме достоинствена иднина, но за да се постигне ова, потребно е поголемо разбирање и човечка интеракција меѓу луѓето денес.
Уште еднаш, Ви посакувам среќен Божиќ, и изразувам благодарност до сите вас кои бевте дел од оваа свечена церемонија.
Институт за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје
доц. д-р Скендер Асани
Фото: доц. д-р Скендер Асани
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.