• вторник, 07 мај 2024

Нетанјаху: Израел преговара за ослободување на заложниците во Газа

Нетанјаху: Израел преговара за ослободување на заложниците во Газа

Тел Авив, 28 декември 2023 (МИА) - Израел води разговори за ослободување на заложниците кои се држат во Газа, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху пред претставниците на Форумот за заложници и исчезнати семејства.

Тој не соопшти повеќе за статусот на преговорите, но истакна дека работат на тоа сите да ги вратат дома.

-Во моментов водиме разговори. Не можам да кажам повеќе за статусот на преговорите, работиме да ги вратиме сите дома. Тоа е нашата цел, им рече Нетанјаху на семејствата на заложниците.

Воениот кабинет на Израел, кој треба да се состане подоцна оваа вечер, ќе разговара за предлогот на Катар за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа, објавија израелските медиуми.

Шефот на Мосад, Дејвид Барнеа треба да присуствува на состанокот на владата за да им открие детали за предлогот на Катар на министрите. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан