Независниот кандидат за градоначалник на Дебар Рамадан Имери на средби со дебранки
- Независниот кандидатот за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, носителот на кандидатската листа за советници Дргим Каја и други кандидати за советници одржаа средба со дебранки.
Дебар, 8 октомври 2025 (МИА) - Независниот кандидатот за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, носителот на кандидатската листа за советници Дргим Каја и други кандидати за советници одржаа средба со дебранки.
-Средбата, како што видовте мина во топла и инспиративна атмосфера. Ова беше искрена средба со мајките, жените, сестрите и ќерките од нашиот град. Разговаравме за суштинската улога на жената во општеството – како активен придонесувач во економскиот, социјалниот и образовниот развој, како и како клучен фактор во создавањето на поправедна и порамноправна иднина, рече Имери за МИА, по средбата.
Главниот проблем што го посочија, вели тој, е секако миграцијата на младите, што ја тишти душата на секоја мајка.

-Силно се заветив дека ќе вложам максимални напори во соработка со централната власт, меѓународните институции и несомнено нашите иселеници кои имаат свои компании да создадеме услови младите, тука во родниот крај да се вработат и да создаваат семејства а не да заминуваат во белиот свет, посочи тој.
Знаете, додава, една наша дебарска поговорка вели "каменот тежи во родната грутка", што значи дека "каде и да одиш дома си е дома".
-Мило ми беше што ми дадоа силна поддршка, како што и најискрено ме окарактеризирира, како човек од даден збор, искреност и непоколеблива доверба, рече тој.
Нагласи дека присуството на жени од различна национална и верска припадност "ми влева надеж заедно да го продолжиме вековниот соживот и верска толеранција по кои е препознатлив Дебар".
Исто така се обврзал за поголема застапеност на жени на раководни функции.
Претходно Имери имал средби со жители на селата Могорче и Џепиште и Отишани, каде ветил реализација на проекти за подобрување на инфрастуктурата. вт/аа/
Фото: МИА