Презентиран проект за климатска отпорност во Општина Дојран
- Хуманитарната организација Македонски Каритас одржа работна средба во Општина Дојран, на која беше презентиран проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.
Дојран, 17 март 2026 (МИА) - Хуманитарната организација Македонски Каритас одржа работна средба во Општина Дојран, на која беше презентиран проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.
На состанокот присуствуваа градоначалникот Илија Тентов и општинскиот тим, при што беа разгледани планираните активности и можностите што проектот ги нуди за локалната заедница, соопштија од оваа невладина организација.
Овој проект е финансиран од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас.
Од организацијата истакнуваат дека целта на работната средба е зајакнување на меѓуопштинската соработка и спроведување мерки за намалување на ризиците од сè почестите климатски екстреми.
Со проектот посебен акцент се става на вклучувањето на жените и поддршката на локални зелени иницијативи, како дел од поширокиот пристап за јакнење на отпорноста на заедниците. рш/дма/
Фото: Хуманитарна организација Македонски Каритас