• среда, 25 март 2026

Општина Аеродром почна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче

Општина Аеродром почна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче

Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Општина Аеродром почна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.

Како што информираат од прес-службата на општината, Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место каде што секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.

Со проектот, како што посочуваат од Општина Аеродром, се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6.000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.

Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема. Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.

- Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милионa денари. По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење. Продолжуваме со инвестиции што го подобруваат квалитетот на животoт и го разубавуваат Аеродром - соопшти Општина Аеродром. фф/са/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан