• среда, 23 октомври 2024

НБА: Гордон уште четири години во Денвер за 133 милиони долари

НБА: Гордон уште четири години во Денвер за 133 милиони долари


Денвер, 22 октомври 2024 (МИА) – Ден пред почетокот на новата сезона во НБА, шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс, се договори да ја продолжи соработката со својот крилен кошаркар Арон Гордон (29) за уште четири години.
Гордон, кој имаше договор со Денвер до лето 2025 година, ќе инкасира 133 милиони долари во периодот од 2025 до 2029 година, додека во сезоната 2024/25. неговата плата ќе изнесува 23 милиони долари.
Во сезоната 2022/23 во која Денвер ја освои шампионската титула, Гордон во лигашкиот дел просечно бележеше 16,3 поени, 6,6 скокови и 3,0 асистенции и 13,3 поени, 6,0 скока и 2,6 асистенции во плејофот, додека минатата сезона имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скокови и 3,5 асистенции во лигашкиот дел, и 14. 7,3 скокови и 4,4 асистенции во плеј-офот.
Продолжувањето на договори со своите клубови за сума над 100 милиони долари потпишаа и Џејлен Сагс со Орландо Џејлен Џонсон со Атланта и Џејлен Грин со Хјустон. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан