• петок, 18 јули 2025

Компанијата „Натура Терапи“ нов партнер на Кошаркарската федерација

Компанијата „Натура Терапи“ нов партнер на Кошаркарската федерација

 

Скопје, 13 јуни 2025 (МИА) – Договор за стратешка соработка меѓу Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и компанијата „Натура Терапи (Natura Therapy) е потпишан денеска во Скопје.

Со договорот потпишан од потпретседателот на КФСМ, Младен Ѓуроски и претставникот на „Натура Терапи“, Сашко Дрвошански, потбрендот на оваа компанија Ад Астра (Ad Аstra) станува генерален спонзор на младинската кошаркарска лига, која ќе го носи името „Adastra младинска кошаркарска лига“.

Како што е соопштено, „ова партнерство заедно со финансиската поддршка ќе овозможи и реализација на серија долгорочни активности, кампањи и едукативни иницијативи кои ќе ја поддржат физичката активност, менталната стабилност и здравиот развој на децата и младите низ целата држава“.

Покрај финансиската поддршка за Кошаркарската федерација договорена со генералното спонзорство на АД АСТРА младинската кошаркарска лига, Натура Терапи ќе отвори посебен фонд во кој ќе се донираат и акумулираат средства од продажбата на сите производи од палетата на АД АСТРА.

Собраните средства, еднаш во годината во договор со КФСМ, ќе бидат наменети како финансиска поддршка на успешни поединци кошаркари или други соодветни проекти.

Преку партнерството со КФСМ, компанијата „Натура Терапи“, како што се наведува во соопштението, „ја засилува својата улога во заедницата, вложувајќи во иднината на децата и промовирајќи вредности како дисциплина, упорност и тимска работа“. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан