• понеделник, 20 мај 2024

На Попова Шапка измерени - 15 степени, во Крушево и во Берово -12

На Попова Шапка измерени - 15 степени, во Крушево и во Берово -12

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево - 12, во Крива Паланка - 11, во Маврови Анови - 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница - 7, во Битола, Охрид и Претор - 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија - 5, во Куманово и во Велес - 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци - 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 степени.

На Попова Шапка има седум сантиметри снег. 

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени. ев/

 

 

 

 

Остани поврзан