Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
Кавадарци, 20 мај 2024 (МИА) - Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА.
- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес.
Заканите биле упатени во угостителски објект. свд/дма/
Фото : МИА архива