• четврток, 13 јуни 2024

Во Струга одбележан Денот на пожарникарите

Во Струга одбележан Денот на пожарникарите

Струга, 20 мај 2024 (МИА) - Со вклучена звучна и светлосна сигнализација денеска низ улиците во Струга, струшките пожарникари го прославија Денот на пожарникарите - 20 Мај.

Командирот на Територијалната противпожарна единица - Струга, Фети Мазари информира дека покрај денешното дефиле, предвидено е пожарникарите да одржат и вежба за евакуација на луѓе во случај на пожар.

Струшката Пожарна, според првиот човек, располага со доволен број пожарникари и соодветна опрема, а во очекување се да добијат две нови возила за шумски пожари, како и тековна заштитна опрема.

По повод Денот на пожарникарите благодарност за нивната работа и посветеност изрази и градоначалникот Рамис Мерко, забележувајќи пожарникарите дека извршувајќи ја својата должност честопати ги стават своите животи во опасност за безбедноста на граѓаните.

ТППЕ Струга во моментот располага со пет противпожарни возила и триесет и седум пожарникари. сс/дма/

Фото: Територијална противпожарна единица - Струга

Остани поврзан