• петок, 26 април 2024

На велешко езеро „Младост“ акција за пошумување на опожареното

На велешко езеро „Младост“ акција за пошумување на опожареното

Велес, 1 април 2023 (МИА) - Здружението „Акцијаш ветерани“ и Сојузот на акцијаши ветерани на Македонија, со подршка на Општина Велес денеска на брегот на велешко езеро „Младост“ на парцела близу хотел „Глориус“, над пешачката патека, ќе спроведат акција за пошумување на две илјади садници багрем.

Ќе се пошумува на површина која беше опожарена во големиот шумски пожар на крајот на август 2019 година, информира за МИА Јорданка Андреева претседател на „Акцијаши ветерани“. Површината деновиве е расчистена за садење  од страна на вработени во фирмата  „Пескара Вел“.

Андреева  информира дека освен нивни членови во акцијата за пошумување  ќе се вклучат и млади. како и граѓански здруженија на акцијаши ветерани од Битола, Куманово, Скопје, Штип, Крива Паланка и Гостивар.

Акцијата е поддржана и од Општина Велес која го обезбеди автобусот за превоз на акцијашите и граѓаните до езерото „Младост“.

Автобусот ќе тргне во 8:45 часот од месноста  Багремче, а во 8:50 часот ќе биде пред Трговски центар во Нова населба, Во 8:55 спроти Офицерски дом и во 9:00 часот пред Стоковна куќа во центарот на Велес, а од каде директно ќе вози до локацијата за пошумување на брегот на езеро „Младост“.

Со акцијата воедно ќе биде одбележан 1 април – денот на доброволното младинско ангажирање што се одбележуваше во поранешна Југославија.ад/са/

Остани поврзан