• понеделник, 13 мај 2024

Најмалку двајца загинати при пад на унгарски хеликоптер во Хрватска

Најмалку двајца загинати при пад на унгарски хеликоптер во Хрватска

Загреб, 21 јуни 2023 (МИА) – Во близина на хрватското село Паково денеска се урна унгарски хеликоптер. На местото на несреќата пронајдени се две безживотни тела, а по уште едно лице се трага.

Унгарскиот хеликоптер во Хрватска бил во рамките на обука.

Дел од хрватските медиуми неофицијално објавија дека пилотот не ја забележал жицата од зиплајнот и леталото се заплеткало, се урнало и веднаш се запалило. ми/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан