• сабота, 27 јули 2024

Мелинда Гејтс ја напушта фондацијата која го носи нејзиното и името на нејзиниот поранешен сопруг Бил

Мелинда Гејтс ја напушта фондацијата која го носи нејзиното и името на нејзиниот поранешен сопруг Бил

Лос Анџелес, 13 мај 2024 (МИА) – Мелинда Гејтс, која ја предводи една од највлијателните филантропски фондации во светот, денеска соопшти дека ќе ја напушти.

Таа ја основа таа организација наречена Фондација Бил и Мелинда Гејтс со нејзиниот сега поранешен сопруг Бил во 2000 година.

Како што напиша на својот профил на X, таа е „неизмерно горда“ на работата на Фондацијата.

Последниот ден на Мелинда Гејтс во оваа организација посветена на здравствената заштита и намалувањето на сиромаштијата ќе биде 7 јуни. јт/

Остани поврзан