• среда, 24 јули 2024

Израелски активисти блокирале помош за Газа што доаѓа од Западниот Брег

Израелски активисти блокирале помош за Газа што доаѓа од Западниот Брег

Тел Авив, 13 мај 2024 (МИА) – Десничарски израелски активисти се обидоа да го блокираат транспортот на помош преку Јордан до Појасот Газа, и денеска држеа камиони на границата меѓу Западниот Брег и Израел, јавија израелски и палестински медиуми.

Како што пренесе ДПА, „Тајмс оф Израел“ јавил дека се уапсени четворица активисти на групата Цав 9, која се противи на испраќање помош во Појасот Газа сè додека Израелци се држат како заложници.

Активистите, за кои се вели дека биле околу 100, наводно извлекле помош од камионите на патот на контролниот пункт Туркумија меѓу јужниот Западен Брег и Израел. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан