• недела, 21 јули 2024

Мајкл Коен, поранешен адвокат на Трамп, дава исказ пред судот

Мајкл Коен, поранешен адвокат на Трамп, дава исказ пред судот

Вашингтон, 13 мај 2024 (МИА) - Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Доналд Трамп кој беше осуден за лажно сведочење, денеска дава исказ како еден од главните сведоци во првиот во историјата кривичен прогон на поранешен претседател на САД.

Коен (57) работел за њујоршкиот магнат со недвижнини Трамп уште од почетокот на 2000-те години пред Трамп да стане политичар.

Коен еднаш се има претставено како „ополномоштен главосечач“ на својот клиент и во своите сведочења пред Конгресот наброја дека за неколку години по наредба на Трамп тој се заканувал на 500 лица.

Во 2017 година во првото претседателство Трамп го нарече Коен „многу талентиран адвокат“ и „добар адвокат во мојата фирма“.

Во кривичната тужба против Трамп за давање 130.000 долари поткуп на порно актерката Сторми Даниелс за таа да молчи за нивна наводна средба што завршила во хотелска соба, Трамп се соочува со 34 точки од обвинението.

Коен призна дека зделката со Даниелс ги нарушила правилата за финансирање на изборна кампања. Тој се изнесе дека е виновен во однос на други нарушувања на законот како лажно сведочење пред Конгресот за наводната зделка со недвижности на Трамп во Москва. За ова тоа тој одлежа федерален затвор 13.5 месеци и година и пол во домашен притвор.

Коен денеска ќе дава исказ за тоа како пред осум години неколку недели пред изборите правел парични исплати на Даниелс по наредба на Трамп. Потоа, според него, после инаугурацијата тој се сретнал со Трамп во неговиот кабинет во Белата куќа и договарал како да му биде платено за услугите. кб/

Фото: МИА архива

Остани поврзан