• недела, 14 јули 2024

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради Задушница денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Денеска и утре по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во градот.

- Имено, од 06:00 часот денеска и утре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“, информираа од МВР. 

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан