• понеделник, 06 април 2026
МИА Најави МКД

6 април 2026

Скопје – Седмичен неформален брифинг на претседателот на Собранието Африм Гаши со новинари на кој ќе информира за тековните активности во Собранието. (Собрание, Сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје – Јавна расправа за Предлог-законот за Советот за јавни обвинители во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу ќе присуствуваат на пуштање во употреба на целосно реконструираните шест операциони сали на хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.(10:45; предвидена изјава за медиумите)

Скопје - Државниот архив на Република Македонија одбележува 75 години од своето постоење.

-Промоција на јубилејната поштенска марка по повод 75 години од основањето на Државниот архив. (Археолошки музеј на Македонија/11:30; изјави по завршувањето на настанот)

-Средба со претставници на 14 архиви и архивски асоцијации од регионот и Европа. (Порта Македонија/13:00; изјави пред започнувањето на официјалниот дел)

-Свеченото одбележување на 75-годишнината, под почесно покровителство на премиерот Христијан Мицкоски. (Македонски народен театар/19:00; изјави по завршувањето на настанот)

Скопје – Промоција на  монографија „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“ од проф. д-р Ганка Цветанова. (Музеј на македонската борба за самостојност/12:00)

Скопје – Промоција на монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска. (КИЦ, салон „19-19“/19:19) 

Штип – Промоција на истражувачката книга „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)” од проф. д-р Андон Мајхошев. (НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип/12:00)

Тетово - Градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, ќе ја пречека вршителката на должност амбасадорка на САД, Никол Варнс. (Општина Тетово/9:45; изјави за медиумите не се предвидени, но ќе биде овозможено снимање инсерти и фотографирање)

Скопје - Зелена акција - настан за садење дрвја „Читаме денес за подобро утре“ во организација на издавачката куќа „Сакам книги“ во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило. (Мега парк во Карпош/11:00)

Скопје – Доделување на наградите за најдобри спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2025 година. (КИЦ/12:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан