• понеделник, 06 април 2026

Директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Пејковски, се сретна до секретарот на Општина Битола, Димитровски

Директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Пејковски, се сретна до секретарот на Општина Битола, Димитровски

Скопје, 6 април 2026 (МИА) - Директорот на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија - Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, деновиве оствари работна средба со секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, на која беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со развојот и унапредувањето на културата, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната и меѓународната соработка - соопштија од македонскиот КИЦ - Софија.

Во духот на отворен и конструктивен дијалог соговорниците размениле мислења и искуства за тековните културни политики, предизвиците со кои се соочуваат институциите, како и за потенцијалите што ги нуди современиот културен простор. Особено внимание било посветено на улогата на културата како двигател на општествениот развој, но и како важен фактор во градењето културен идентитет, меѓусебно разбирање и меѓународна соработка.

- Проф. д-р Пејковски ја истакна мисијата на македонскиот Културно-информативен центар - Софија во насока на афирмација на македонската култура во странство, при што нагласи дека културната дипломатија претставува силен инструмент за поврзување на народите и за создавање трајни партнерства. Во таа насока беше потенцирана потребата од интензивирање на заедничките активности, размена на културни содржини и поддршка на уметници и културни работници - се вели во соопштението.

Димитровски ја нагласил заложбата на локалната самоуправа за континуирана поддршка на културните иницијативи и проекти, како и за создавање услови за динамичен и одржлив културен развој. Неговиот современ и визионерски пристап во управувањето бил оценет како значаен придонес кон развојот на културниот живот во Битола и пошироко.

На средбата на Димитровски му била врачена плакета од страна на Пејковски како знак на признание за неговата исклучителна посветеност и континуирана поддршка на македонската култура, за неговиот придонес во афирмацијата на културните вредности и за неговата активна улога во унапредувањето на културната дипломатија. Плакетата, се вели во соопштението, претставува симболична благодарност за неговата визија, професионалност и несебичен ангажман во градењето на културни мостови и зацврстувањето на хуманистичките вредности.

Соговорниците изразиле заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката преку реализација на конкретни проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за поголема видливост и афирмација на македонската култура на меѓународната сцена.

Средбата завршила со уверување дека преку вакви партнерства и лични заложби се создава цврста основа за развој на современа, динамична и меѓународно препознатлива културна сцена, која достојно ги афирмира македонските културни вредности и традиции. ац/

Фото: македонсиот КИЦ - Софија

Остани поврзан