• среда, 01 мај 2024

Форум за образовни промени организира Студентски форум во МКЦ

Форум за образовни промени организира Студентски форум во МКЦ

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Форумот за образовни промени организира Студентски форум, кој ќе се одржи денеска во Младинскиот Културен Центар – МКЦ во Скопје. 

Според најавата на организаторите, на почетокот на форумот свои обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

- Ова е историски настан, бидејќи првпат во Северна Македонија ќе се соберат на едно место, во едно тело, поголем дел од студентските собранија на универзитетите во земјава. Покрај тоа, ќе има и панел дискусии со говорници од целиот регион, известуваат од Форумот за образовни промени. ир/нд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан