• сабота, 27 јули 2024

Ристовски од Автокоманда: Мора да се подобри квалитетот на животот на пензионерите

Ристовски од Автокоманда: Мора да се подобри квалитетот на животот на пензионерите

Скопје, 1 мај 2024
 
Во Автокоманда, ИНТЕГРА и Коалицијата „Храбро за Македонија“ имаа средба со поголема група на пензионери. Притоа се оствари силна интеракција за актуелниот политички момент.

Претседателот на ИНТЕГРА и носител во ИЕ2 на Коалицијата „Храбро за Македонија“, Љупчо Ристовски ја образложи пензиската изборна платформа и сподели бројни идеи за подобрување на квалитетот на животот на секој пензионер.

Пред се се осврна на планот за социјалната  мерка која ја предлага до 24.000 ден по пензионерско семејство. Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус.

 

ИНТЕГРА и Коалиција „Храбро за Македонија“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан