• вторник, 30 април 2024

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа

Тел Авив, 22 април 2024 (МИА) – Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија.

Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари.

Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со Египет. Најверојатно наскоро се очекува евакуација на цивилното население.

Портпаролот на израелската армија вчера директно им се обрати на заложниците кои ги држи Хамас.

- Ќе продолжиме да се бориме додека не дојдете дома, рече тој и додаде: Роднините на заложниците се во неподнослива ситуација и ќе направиме се за да ги ослободиме нивните најблиски.

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 34.000 луѓе се убиени, а речиси 77.000 се повредени од почетокот на војната пред шест и пол месеци. Овие бројки, кои не ги разликуваат борците од цивилите, не можат независно да се потврдат. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан