• вторник, 14 мај 2024

Набавена нова опрема за културни настани во Крива Паланка

Набавена нова опрема за културни настани во Крива Паланка

Крива Паланка, 17 октомври 2023 (МИА) - Со инвестиција од околу 600 илјади денари Локалната установа Градски музеј, Крива Паланка изврши набавка на повеќенаменска монтажна бина со придружни елементи за сцена, заштитни огради и столчиња што ќе се користат за организација на културните настани и манифестации од отворен карактер по кои општината е препознатлива.

-Станува збор за инвестиција од околу 10.000 евра со која набавена е монтажна бина со придружни елементи за осветлување и сценографија, набавени се заштитни огради за помасовни настани и собири, тенди за органзација на настаните во различни временски услови и столчиња за публика. Ова е надополнување на се она што во изминатите две години се инвестира за подобра реализација на целокупната Годишна програма за култура на Општина Крива Паланка и на Кривопаланечко културно лето. Минатата година беа набавени и перничиња за поставување како седалки на амфитеатарот во паркот, кадешто е лоцирана летната сцена. Општина Крива Паланка инвестираше значително во подобрување на условите и опремување на летната сцена во градскиот парк и плоштад, а целокупната набавена опрема ќе ја користат ЛУ Градски Музеј, НУ Центар за  култура и Општина Крива Паланка, изјави Драган величковски, директор на ЛУ Градкси музеј, Крива Паланка.

Во претстојните месеци, до крај годината, повторно Крива Паланка ќе реализира неколку големи настани, меѓу нив: „Новогодишен базар 2023“, детски фестивал „Распеано симитче“ што Центар з ааудиовизуелни уметности го одржуав со поддршка од Општина Крива Паланка, а претстојат и пост-новогодишните настани и манифестации на отворено, прославите на Бадник и Водици.

-Направени се големи напори и заложби од година во година да се подобруваат логистичките и технички услови, ресурси и опрема кои општината ќе ги распопага и утопребува за сите настани од отворен карактер, кои се органзииарарт во тек на цел година, како дел од  културната програма, а привлекуваат се поголем број посетители и публика, рече Величковски.

Општина Крива Паланка во 2023 година издвои буџетски средства за поддршка на култура во вреднсот од околу 7.5 милиони денари, во текот на 2023 Министерство за култура го одобри проектот за изработка техничка документација за реконструкција на целата зграда на НУЦК Крива Паланка, вреден 800.000 денари, а општината се вброи во редот на општини што реалзизирале најголем број настани, над 50, од различен карактер во рамки на „Кривопаланечко култруно лето 2023“. ид/цр

Фото:МИА

Остани поврзан