• петок, 10 мај 2024

ММФ за последиците од конфликтот во Газа: Ситуацијата е многу неизвесна

ММФ за последиците од конфликтот во Газа: Ситуацијата е многу неизвесна

Вашингтон, 8 декември 2023 (МИА) - Конфликтот во Газа може да им наштети на економиите на соседните земји, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), посочувајќи ги можните нарушувања во регионалниот туризам и трговија.

- Туризмот во соседните земји би можел да се намали, а постои и можност за повисоки цени на нафтата и гасот, изјави синоќа во Вашингтон Џули Козак, шефица за комуникации во ММФ.

Таа вели дека се можни и нарушувања на финансиските пазари и регионалните трговски патишта, што би резултирало со повисоки трговски трошоци. Од глобална перспектива, економските последици засега се релативно ограничени, но ситуацијата е „многу неизвесна“, продолжи Козак.

- Најтешко ќе бидат погодени економиите на Израел, палестинскиот Западен Брег и Појасот Газа, но крајниот опсег на негативните последици ќе зависи од времетраењето и интензитетот на конфликтот, истакна Козак. Таа посочи дека ММФ е „шокирана и тажна поради хуманитарната ситуација и загубата на човечки животи во конфликтот“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан