• недела, 22 декември 2024

Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска

Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска

Загреб, 10 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.

Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан