• сабота, 18 мај 2024

Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) – Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во март годинава се пониски за 2,8 отсто на месечно ниво, а повисоки за 0,8 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторните бензини во март годинава е повисока за 4,9 отсто на месечно ниво и за 3,9 отсто на годишно ниво, додека на дизелот е пониска за 4,5 отсто на месечно, а повисока за 0,7 отсто на годишно ниво. 

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Тие се повикуваат на движењето на овие трошоци во калкулациите при склучувањето на градежните договори.вј/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан