• петок, 10 април 2026

Одреден 30 дневен притвор за Анакиев за поткупот од 50 000 евра

Одреден 30 дневен притвор за Анакиев за поткупот од 50 000 евра

Скопје, 20 март 2026, (МИА) -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.

-Прифатен е предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, потврдија од Кривичен суд - Скопје. 

Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција  кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник. дј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан