• четврток, 26 март 2026

Во тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денари

Во тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денари

Штип, 20 март 2026 (МИА) - Откупот на јагне почна, а првите количини се извезени на пазарите во Италија и Албанија вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска. 

-Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари - изјави Сарафимов. 

Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на стадата. вдј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан