• сабота, 29 јуни 2024

Млади иноватори на средба со градоначалникот на Берово, Пекевски

Млади иноватори на средба со градоначалникот на Берово, Пекевски

Берово, 9 мај 2023 (МИА) - Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски денеска оствари средба со младите и надежни таленти Екатерини Самаропулу и Сара Видинска и нивниот ментор Бистра Поп Ѓорѓиева, кои неодамна се вратија од Бановичи, Босна и Херцеговина, каде се пласираа на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари ,,Бановичи 2023″.  

Пекевски им честиташе за успехот потенцирајќи го остварениот резултат како  афирмација на Општина Берово во меѓународни рамки.

- На нашите таленти им посакав низ работа и труд, да продолжат да постигнуваат високи резултати. Преку „Народна Техника" од Берово, голем број на ученици, успешно се пласирале на бројни натпревари, со што,  користеле и стипендии преку Министерството за образование и наука,  донеле успеси и за општината и  ја претставиле во вистинско светло, истакна Пекевски.

Младите истражувачи и нивниот ментор на средбата ги пренесоа своите впечатоци од натпреварувањето, убавите дружења и истакнаа дека тоа е едно прекрасно искуство за нив. 

Екатерини Самаропулу,  во категоријата агротехника, со проектот „Хидропонична кула”, освои златен медал, а Сара Видинска, во категорија високоградба, со проект „Концертна хала во Сиднеј”, освои благодарница. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан