• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Младите од Делчево се едуцираа за укажување прва помош при епилептични напади

Младите од Делчево се едуцираа за укажување прва помош при епилептични напади

Делчево, 26 март 2025 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на епилепсијата - 26 Март, во организација на Општинската организација на Црвен крст во Делчево се одржаа две едукативни работилници во деветтолетките „Ванчо Прке“ и „Св. Климент Охридски“. Целта, како што истакна претседателката на Црвен крст Делчево, Билјана Георгиевска е младите да се стекнат со соодветни вештини за укажување прва помош при епилептични напади. 

-Им укажавме на младите, односно им покажавме што е епилепсија, на кој начин треба да реагираат, на кој начин треба да укажат прва помош и што треба да прават и што не треба да прават во таков случај, истакна Георгиевска.

Активностите, како што додаде Ивана Ангеловски, организациски секретар во Црвениот крст во Делчево, прв пат се дел од програмските активности по прва помош.

-Во програмата го вметнавме и овој дел за укажување прва помош при епилептични напади. Интересот на учениците беше задоволителен, тие се интересираа и прашуваа она што ги интересира. Со нив ги споделивме и податоците кои велат дека над 60 милиони боледуваат од оваа болест во цел свет, а над 15 милиони се на нивна возраст, додаде Ангеловски.

Во рамки на настанот беа проследени и две едукативни видеа при што на младите им беше укажано дека во случај кога не се во можност да реагираат, најдобро е да повикаат итна помош. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан