• недела, 21 април 2024

Мицотакис со негативен Ковид тест

Мицотакис со негативен Ковид тест

Атина, 5 јуни 2023 (МИА) - Три дена откако преку Инстаграм соопшти дека е позитивен на Ковид-19, претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, денеска, повторно на Инстаграм, објави дека веќе е негативен, јави дописничката на МИА од Атина. 

-Од добрите вести на денот, напиша Миотакис, објавувајќи фотографија од негативен тест за Ковид-19.

Во петокот попладне, како што објави МИА, Мицотакис преку видео на Инстаграм, соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека следните денови ќе ги помине дома, со што беше откажана и неговата посета на Света гора, а паралелно рече дека „прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена“. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан