• среда, 29 мај 2024

Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

Османи отпатува за Њујорк, ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на ОН

Приштина, 21 април 2024 (МИА) – Косовската претседателка Вјоса Османи отпатува синоќа за САД, за да го претставува Косово во Советот за безбедност на Обединетите нации, на седницата што ќе се одржи в понеделник, на 22 април, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти Кабинетот на косовската претседателка, се очекува Османи на седницата на СБ на ОН да зборува за напредокот, спроведувањето на реформите, човековите права, демократијата, владеењето на правото и други теми од важност за Косово.

„Претседателката ќе зборува и за потребата од правда за злосторствата извршени од Србија во Косово“, се вели во соопштението.

За време на престојот во Њујорк, Османи, како што соопштија од нејзиниот кабинет, „се очекува да се сретне и да се координира со некои од постојаните претставници на пријателските земји во Обединетите нации“.

Состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово ќе се одржи во понеделник во 16 часот по средноевропско време, односно во 10 часот според њујоршко време. иа/рп/

Остани поврзан