Претреси во Академијата за судии и јавни обвинители
- По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција попладнето во Академијата за судии и јавни обвинители се врши претрес.

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција попладнето во Академијата за судии и јавни обвинители се врши претрес.
Се одземаат електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дејствијата се во тек. бак/дма/
Фото: МИА архива